Загинати и повредени полицајци- во Куманово и натаму се пука

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Во меѓувреме едната  терористичка група од околу 30 – тина лица ѝ се предала на полицијата, а мала група од околу 10 лица е засолната во куќа и одбива да се предаде.

Екипата на Алсат од теренот информира дека во Куманово и натаму интензивно се пука.

Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција во 14 часот информира дека терористичката група имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.

– На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат, а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.

Апели за смиреност и неподлегнување на провокации упатија и политичките партии, ЕУ, САД, Русија и ОБСЕ