Заглавена фамилија со деца во снегот кај с. Леуново

од Nikola Popovski
111 прегледи

Центарот за управување со кризи информираше дека на бројот 112 во 10:21 часот, добиена е пријава за заглавени лица од ТППЕ Гостивар во снегот кај село Леуново.

Исто така, во 11:43 часот, добиена е пријава и за заглавено возило (фамилија со 2 мали деца) во снегот, пред Хотел Радика, с.Леуново.

РЦУК Тетово извести дека од страна на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци добиле информација дека висината на снежната покривка е околу 80 см, и дека веќе работат на расчистување на патот околу Мавровско Езеро, но истото им е отежнато поради паднати дрвја на патот.

УХМР соопшти дека времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка.

До средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд и снег со послаб интензитет се очекуваат во среда попладне и во четврток.

Слични содржини