Германските обвинители заплениле биткоини вредни повеќе од 50 милиони евра од еден измамник, но тие веднаш се нашле во неволја, бидејќи не можеле да ги „отклучат“ парите.
Обвинителот, во баварскиот град Кемптен, Себастијан Мурер, го потврди случајот со човек осуден за измама и кој не сака да и ја каже на полицијата лозинката за пристап до „дигиталниот паричник“ кој содржи повеќе од 1.700 биткоини за време на неговиот престој во затвор.
Измамникот е осуден на повеќе од две години затвор за тајно инсталирање на софтвер на други компјутери со цел да ги користи за „минирање“ на биткоинот, пренесува Ројтерс.
Биткоинот се чува во софтвер познат како дигитален паричник кој е обезбеден со криптирање. Лозинката се користи како клуч за дешифрирање, отворање на паричникот и пристап до биткоините. Ако лозинката е изгубена, корисникот не може да го отвори паричникот.
Кога измамникот беше „ставен“ зад решетки, неговата залиха на биткоин вредеше само мал дел од сегашната вредност на таа криптовалута, пренесува Спутник.
Цената на биткоинот се зголеми во текот на изминатата година, достигнувајќи рекордни 42.000 УСД во јануари, но властите сепак информираа дека мажот нема да може да пристапи до моментално исклучително голема сума пари.