533
Видео од Загреб на кое е прикажана девојка која шета низ трговски центар и води момче на ланец за кратко време се прошири на социјалните мрежи.
Не е целосно јасно што ја поттикнало младата двојка на овој потфат. Тие прошетаа низ трговскиот центар на улицата Радничка на изненадување на другите купувачи. Шокираните минувачи се прашуваа дали станува збор за некаква „шега“ или облог.
Девојката и момчето одеа без да им биде грижа што сите околу нив се вртеа.
Носеа заштитни маски.