Загрепскиот шесткратен убиец извршил самоубиство, соопшти полицијата

од desk4
96 прегледи

Загрепската полиција соопшти утрово дека шесткратниот убиец на лица од едно семејство извршил самоубиство.

– За време на потрагата беше лоциран во Брезовица. При обидот за апсење извршил самоубиство, соопштија од полицијата во Загреб. Убиството на шест лица беше извршено околу 21.30 синоќа.

Во населбата Кајзерица, во Нови Загреб беа убиени се шест членови од едно семејство, а полицијата интензивно трагаше по сторителот.

„Јутарњи лист“ објави дека шест члена на исто семејство биле убиени, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.

Љубомората се споменува како мотив за убиствата, објави Јутарњи лист.

Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство во кое маж ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов партнер, како и четири деца.

Петтото дете, седуммесечно бебе, е рането и хоспитализирано во детска болница.