„Загриженост и разочараност“: Агелер со отворено писмо до македонските судии

од Nikola Popovski

Американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење. Таа испратила отворено писмо до судските и извршните органи, објави Тв Алсат.

-Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, стои меѓу другото во писмото од амбасадорката Агелер.

На ова писмо денеска се осврна и вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска.

-Јас уште минатата година, го покренав прашањето за одлуките на Апелација. Веќе со меѓународните партнери сме договорени како ќе одат активностите. Се согласувам дека е сериозен проблем и дека сите активности што ги имаме како кабинет и изјавите и отворените порааки од страна на ЕУ и Американската амбасада, дека конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна, исклучиво во согласност со закон, затоа што нашите граѓани заслужуваат правдата да биде подеднаква за сите, порача Грковска.

Слични содржини