Загриженост во фудбалскиот свет: Александар Митровиќ хоспитализиран поради проблеми со срцето

од Љубиша Владимиров
66 прегледи

Александар Митровиќ, фудбалер на Ал Хилал и репрезентативец на Србија, предизвика загриженост во фудбалскиот свет откако беше хоспитализиран поради проблеми со срцето. Според медиумите од Саудиска Арабија, Митровиќ морал да се подложи на медицински прегледи, но од болницата објави дека неговата состојба е стабилна.

По двомесечна пауза, Митровиќ се врати на теренот за време на мечот против Ал Фаиха, но беше забележано дека му недостасува енергија. Иако српскиот напаѓач уверува дека е во ред, загриженоста за неговото здравје продолжува да расте меѓу љубителите на спортот. Локалните медиуми известуваат дека Митровиќ се опоравува и се надева на брзо враќање во форма.

Слични содржини