Раководството на ПСЖ го сака тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, како заменик на Унаи Емери, извести El Chiringuito.
Телевизиското шоу тврди дека од Парк Де Пренс ќе му дадат целосна слобода на француската легенда ако се согласи да биде шеф на „принцовите“. Покрај тоа, Зизу ќе има привилегија да ја утврди неговата плата и терминот на договорот.
Останатите споменувани имиња за нов тренер на ПСЖ се оние на Макс Алегри (Јувентус), Маурисио Почетино (Тотенхем) и слободните Луис Енрике и Карло Анчелоти. Во Франција се сигурни дека по крајот на сезоната Емери ќе биде ослободен од функцијата поради елиминацијата од Реал Мадрид во 1/8-финалето во Лигата на шампиони, со вкупен резултат 2:5.
Трофејот од ЛШ, пак е големата цел на „Кралскиот клуб“, бидејќи титулата во Шпанија веќе е изгубена поради неверојатната изведба на Барселона и елиминацијата од Купот. Ривал на Реал Мадрид во 1/4-финалето на најсилниот клубски турнир е италијански Јувентус.
Зидан постигна историски успех во Реал, откако ги изведе „белите“ до два последователни триумфи во Лигата на шампионите, а минатата година во финалето беше поразен токму италијанскиот шампион со јасни 4: 1.
Зизу на чело на „белите“ ја освои и Ла Лига, двапати Супер Купот на Европа и Светскиот Клубски Шампионат и еднаш Шпанскиот Супер Куп.