Загрижувачка ситуација: Фудбалерите се почесто колабираат на теренот

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Страшни сцени од Фиренца го обиколија светот. Едоардо Бове лежеше неподвижен на фудбалскиот терен. Околу него брзо се најдоа фудбалерите на Фиорентина и Интер, персоналот на двата тима и лекарите. Ситуација која вклучи аларм во светот на спортот.

Младиот фудбалер колабираше во 17. минута од натпреварот.

За среќа, првите прегледи покажале дека нема сериозни оштетувања на централниот нервен и кардио-респираторниот систем. Според последните информации тој е свесен, буден и способен да одговара на прашања.

Но, оваа приказна уште еднаш укажа на голем проблем, всушност закана, со која се соочуваат фудбалерите.

Во 2015 година, ФИФА започна проект за создавање единствен регистар на вакви случаи за периодот од 2013 до 2018 година.

Имаше дури 617 смртни случаи на играчи од 67 земји како последица на срцев удар за време на фудбалски натпревар, или најмногу еден час по завршувањето.

Според истиот регистар, во таа ситуација преживеале 142 играчи.

Во таа статистика не е вклучен случајот што особено ја погоди Фиорентина, кога Давиде Астори почина во сон пред мечот против Удинезе пред шест години.

Она што загрижува е растечкиот тренд на овие ситуации. Од сите случаи во последните 20 години, 63 отсто од нив се случиле во последните шест години!

Со напорниот распоред, воведувањето нови и проширувањето на постоечките натпреварувања, ФИФА и УЕФА секако не помагаат.

Слични содржини