Здравствените власти во Англија предупредија во неделата дека е потврден нов вид коронавирус, прв идентификуван во Бразил, и постои можност тој да не реагира доволно добро на постојните вакцини.
Тестовите ги идентификуваа првите британски случаи на варијанта на вирусот што првпат беше откриен во Бразил, нов вид што се шири побрзо и може да реагира полошо на постојните вакцини, соопшти англиската служба за јавно здравје (PHE). Оттаму појаснија дека шест случаи на варијанта прво потврдени во Манаус, Бразил се идентификувани во Британија, три во Англија и три во Шкотска.
Светската здравствена организација (СЗО) е известена за овие случаи, кои се сметаат за „загрижувачки“ затоа што делат клучни мутации со многу заразен вид идентификуван во Јужна Африка. Постојат загрижености дека постојните вакцини можат да бидат помалку ефикасни во случајот со варијантата од Манаус.
Минатиот месец бразилскиот сој веќе беше потврден во Велика Британија, но таа варијанта на коронавирус не претставуваше загриженост, објави Би-Би-Си.