Загрижувачки: Новиот вид „ламбда“ се шири низ Латинска Америка

од Stefanija Kuzmanovska
421 прегледи

Додека научниците во Германија предупредуваат на опасноста од видот делта, веќе се шири следната варијанта на вирусот.

Колку е опасен видот ламбда кој забрзано се шири, особено во Латинска Америка?

Видот C37 или едноставно ламбда. Можно е името на овој вид наскоро да се најде во насловните страници низ целиот свет. Пред една недела, Светската здравствена организација го класифицираше овој вид во категоријата „под опсервација“ (VOI, варијанти од интерес), бидејќи доведува до чести инфекции и се појавува истовремено во неколку земји. Поточно, во 29 година, а седум од нив се латиноамерикански земји: Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле.

Варијантата ламбда првпат се појави во август 2020 година во Перу. Скоро една година подоцна, тој вид доминира таму со 82 проценти. Во Чиле, овој вид ја предизвикува секоја трета инфекција.

Хаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни заболувања во Светската здравствена организација, за ДВ вели: „Досега нема индикации за агресивно однесување на варијантата ламбда. Иако постои можност за поголема стапка на инфекција, сепак немаме докажано истражување за споредување на варијантата гама и делта“.

Слични содржини