Во Германија минатата година се зголемил бројот на регистрирани случаи на сексуална злоупотреба на деца и адолесценти, се наведува во извештајот на полицијата објавен во понеделникот, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Скокот на бројот на регистрирани кривични дела не е алармантен, бидејќи се проценува дека голем дел од овој вид криминал останува во непријавената, сива зона.
Минатата година во полиција биле пријавени 16.375 случаи на сексуална злоупотреба на деца, 5,5 отсто повеќе од 2022 година.
Во истиот период евидентирани се 1.200 дела на сексуална злоупотреба на млади лица.
Бројот на случаи во кои се прикажуваат слики и видео материјали за сексуална злоупотреба на деца е зголемен за 7,4 отсто, на околу 45.000 случаи, а една од главните причини за скокот се бројните пријави од странство, пренесе ДПА.
Во извештајот за состојбите во таа област, Федералната управа за криминалистичка полиција (БКА) посочува дека бројот на откриени случаи е тесно поврзан со полициската контрола и мерките за пријавување.
Во оваа смисла, полицијата во последните години ги интензивираше активностите и веројатно ја намали сивата зона, се оценува во извештајот.