Кога имате милениче и поминувате многу време со него, станувате емоционално приврзани и гледате на него како на член на семејството. Затоа е многу тешко за секој сопственик да се справи со загубата на домашното милениче, а тоа е исклучително непријатно искуство што предизвикува голема тага и болка. Оваа состојба е сосема нормална, но за полесно да го надминете тој период, потребна ви е поддршка од блиски луѓе и разговор со некој што ќе ве слуша и ќе ве разбере. Чувството на тага и болка ќе помине со текот на времето, и ќе се навикнете на фактот дека миленичето повеќе го нема (но ќе го чувате споменот на него засекогаш). Ако сакате ново милениче, мора да бидете подготвени повторно да изгубите, и ако не сте подготвени уште еднаш да ја поминете целата таа болка, подобро да не набавувате.
Што да им кажете на децата?
Постои уште едно прашање што се наметнува во оваа ситуација, а тоа е како да им објасните на децата дека милениче починало. Грешката што родителите често ја прават (особено ако е мало милениче во прашање) е да го заменат со ново, мислејќи дека детето нема да забележи. Не ги потценувајте најмалите, бидејќи не можете да ги измамите со ново милениче! Порано или подоцна, тие ќе сфатат дека тоа не е нивното милениче, колку и да се мали. Пронајдете го вистинскиот момент и, внимателно и со избрани зборови, кажете им ја тажната вест и попатно објаснете им како функционира животинскиот свет.
Кога е време за ново милениче?
Дури тогаш кога сте стопроцентно сигурни дека сте го прежалиле старото. Зошто? Бидејќи животните исто така имаат чувства и ќе бидат тажни ако сте и вие тажни. Новите миленици треба да бидат нов почеток, а не замена за губењето на старите.