Захариева: Договорот со С.Македонија не беше грешка, го вративме Балканот во Европа

од Берта Китинска
358 прегледи

Договорот за добрососедство со Северна Македонија не беше грешка, во него е призната заедничката историја, вели во интервју за „БГНЕС“ поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

-Имаме споделена историја со сите земји во светот, но заедничката историја е нешто друго и тоа беше напишано во договорот за добрососедство и пријателство со Македонија. За жал, тоа Скопје систематски не го почитува, поради што Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ, вели Захариева.

Таа вели дека со договорот за прв пат била призната заедничката историја, која нашите соседи сега тврдоглаво ја нарекуваат „споделена“, па дури и во текстот на договорот, објавен на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на РСМ, имаше обид да се смени зборот.

– Имаме споделена историја со сите земји во светот, но заедничката историја е нешто друго и беше напишано во договорот, без разлика колку некои политичари во Скопје постојано зборуваат за споделена историја. Со договорот е формирана заедничка мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања и таму беше напишано дека Скопје нема никакви претензии кон малцинство во нашата земја, вели поранешната министерка.

Захариева истакнува дека денес, договорот систематски не се почитува, а работата на комисијата заглави без нивна вина. Ова е исто така причина што во оваа фаза не може да ја одобат рамката за преговори и одржувањето на првата меѓувладина конференција ЕУ-РСМ.

– Би рекла дека има доволно гаранции во договорот за да се заштити нашиот национален интерес, се додека тој се спроведува со добра волја, што е од фундаментално значење за секој меѓународен договор. Затоа секогаш ги повикував соседите од Скопје – оставете ги бугарските инвеститори кои сакаат да отворат работни места во вашата земја, запрете ја цензурата на бугарските книги на границата, дозволете емитување на бугарската телевизија, запрете ја антибугарската кампања, малтретирање на луѓе со бугарско државјанство и црниот пи-ар – тоа не е во ничиј интерес, вели Захариева.

Слични содржини