Захариева: Македонизмот е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва

356 прегледи

С.Македонија со враќањето на српскиот јазик во училиштата ги негира сите тврдења дека се раскинати врските со Србија и Русија, се огласи денес Вицепремиерката во Владата на Бугарија и истовремено шеф на тамошната дипломатија, Екатерина Захариева.

„Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, рече Захариева за БТВ.

Како што посочува таа, ваквите постапки се само доказ за приближувањето кон Србија.

Овој коментар на Захариева, како што пренесува БГНЕС, следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.

Слични содржини