185
Наскоро ќе донираме вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за телевизијата БТВ.
Во врска со односите со Северна Македонија, министерката за надворешни работи рече дека би сакала да ги врати на границите на нормалноста.
„Ние даваме се од себе за да го направиме тоа. Наскоро ќе донираме вакцини за Северна Македонија, во очекување сме на испорака на нови количини од Европската унија.Ние не отстапивме. Бугарија ќе обезбеди вакцини кога ќе има доволна количина и за бугарските граѓани “, нагласи Захариева.