„Бугарија отсекогаш била еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, рече вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева во видео обраќање на конференцијата за Западен Балкан, пренесува bnr.bg.
Форумот, кој се одржува преку Интернет, е организиран од европратеникот на ИМРО, Ангел Џамбаски. Во својот говор, Захариева увери дека поддршката за земјите од Западен Балкан ќе продолжи, но истовремено потсети дека никогаш не била безусловна. Според министерката за надворешни работи, Северна Македонија ги игнорирала предупредувањата за непочитување на договорот за соседство.
„Како и да е, Бугарија останува отворена за дијалог и верува дека заедно со нашите колеги од Скопје ќе најдеме излез од оваа ситуација“, рече Екатерина Захариева.