Захариева: Петков е нервозен, презел обврска кон С. Македонија, ЕУ и САД, што не може да ја исполни

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Ова не е првпат да има сигнали од премиерот дека е подготвен на компромис без ништо да направи С. Македонија. Тој го повка Советот за национална безбедност (СНБ) без да информира никого дали има некаков напредок. Петков е доста нервозен, има преземено обврска за Северна Македонија, ЕУ и САД, која не може да ја исполни и сака одговорноста да ја префрли на претседателот, изјави поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева за емисијата „Твој ден“ на НОВА ВЕСТИ.

„Од потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, секогаш имало заеднички иницијативи и прослави. Неговата имплементација е блиску до 0 од PCM. Има повеќе враќање назад во односите, отколку голем напредок. Не гледаме потреба да се свика СНД за Македонија, но доколку има, веројатно ќе учествуваме“, додаде Захариева.

Слични содржини