Погрешна е идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во утринската емисија на БТВ, одговарајќи на прашањето како ги коментира изјавите дека С.Македонија чека да завршат изборите во Бугарија за да се решат проблемите со Бугарија кои ги блокираат преговорите.
„Погрешна е идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја. Наместо тоа, ако нешто се промени, тоа ќе биде на полошо“, изјави Захариева.
Таа вели дека и бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став за односите со РСМ.
Во врска со посетата на специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, Захариева изјави дека немало ништо тајно на состанокот.
„Ние сме во постојана комуникација со нив. Минатата година беше нивниот ред да свикаат комисија за спроведување на договорот. Работевме за да имаме идеја како замислуваме заедно да се вратиме и да го надоместиме изгубеното време“, додаде таа.
Таа истакна дека тезата оти Бугарија се обидува да го негира идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија е една од заблудите во однос на бугарската позиција.
„Ние сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото да престанеме да образуваме и да основаме нација заснована на антибугарски став, да ставиме крај на говорот на омраза, да ставиме крај на образованието кое промовира омраза кон бугарскиот јазик “, рече Захариева .