Захариева за случајот со „Битолски Монмартр“: Македонија не сака да се приклучи на ЕУ

од Nikola Popovski
977 прегледи

Поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка, Екатерина Захариева упати критики кон македонската влада откако нашето МВР најави истрага против раководството на „Битолски Монмартр“ кое однесе деца од Битола во Бугарија на средби со актуелниот бугарски претседател Румен Радев и други бугарски политичари.

Македонската влада достигна ново најниско ниво: Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носеше деца да сликаат во Бугарија – пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посети бугарскиот парламент и претседателството, објавила Захариева.

 

Додала дека вчудоневидена од ваквата одлука.

Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да преземаат очајнички чекори за да се приклучат на многу познат светски клуб. Не, не се работи за Европската унија, туку за клубот со тоталитарните режими. Впрочем, се сеќавам дека наставникот за такво дело може да биде гонет од полицијата само во Русија, Белорусија и Северна Кореја, напишала Захариева и нагласила: А сите мислевме дека на Балканот сме ја затвориле оваа темна страница на историјата. Жално, тажно, подло и апсурдно.

Слични содржини