Захарова: Ако постоеше начин Русија да биде уништена, САД ќе го стореа тоа веднаш

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Доколку постоеше начин Русија да биде уништена или да биде преземено сè на овој свет, САД тоа би го направиле веднаш, смета портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа ја коментираше изјавата на прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, дека доколку постои начин да се спречи Русија да учествува во Советот за безбедност на ОН, САД веднаш ќе го искористат, пренесува РИА Новости.

„Доколку постоеше начин да се преземе целата нафта, целиот гас, целото злато, сите дијаманти, целата вода за пиење и се на светот, тие веднаш би го сториле тоа. Ако постоеше начин да го преземат универзум, и тоа би го направиле веднаш. Но едноставно, не постои таков начин, фала Богу“, напиша Захарова на Телеграм.