Захарова: Американското оружје во Украина е легитимна цел за Русија

од Stefanija Kuzmanovska
101 прегледи

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека оружјето кое западот ѝ го доставува на Украина е легитимна цел на Русија и или ќе биде уништено или конфискувано.

Таа додаде дека евентуалната испорака на ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Вашингтон во Киев ќе го зголеми ризикот од директно мешање на американската војска во украинскиот конфликт.

-На 13 декември, САД ја објавија својата намера да испорачаат батерии за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина. Многу експерти, вклучително и оние од странство, се сомневаат колку е разумен тој чекор, што може да доведе до ескалација на конфликтот и да го зголеми ризикот од директно вклучување на американската војска во борбата, наведе Захарова.

Слични содржини