Захарова: Апсурден е поводот на Џонсон за откажување на посетата на Русија

од Vladimir Zorba
74 прегледи

 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека е апсурден поводот на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон за откажување на посетата на Русија.

– Пред да биде отакажана посетата беше презакажана за нов датум. Велика Британија наведе различни причини. Имаме впечаток дека нашите западни колеги живеат во сопствена реалност, во која се обидуваат да измислат колективни планови, а потоа истите да ги сменат, измислувајќи апсурдни поводи, посочи Захарова.

Џонсон денеска соопшти дека ја откажал посетата на Москва планирана за 10 април поради најновите настани во Сирија, каде напад со хемиско оружје врз подрачје под контрола на бунтовниците предизвика САД да извршат ракетен напад.

– Развојот на состојбата во Сирија во основа ја промени ситуацијата, Сега мој приоритет е да ги продолжам контактите со САД и другите пред состанокот на Г-7, што ќе се одржи на 10 и 11 април, за да изградиме координирана меѓународна поддршка за прекин на огнот на терен и да се интензивира политичкиот процес, се наведува во соопштението на Џонсон.