Захарова: Договорот за жито продолжен за 60 дена

од Radmila Tasevska

Русија се согласи да ја продолжи важноста на договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море за само 60 дена, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Повторуваме уште еднаш. Русија се согласи да го продолжи договорот за 60 дена“, нагласи Захарова за ТАСС.

ОН потврдуваат дека договорот за жито е продолжен, изјави денес портпаролот на генералниот секретар на светската организација, Стефан Дужарик, но не прецизираше за колку време е продолжена важноста на договорот.

Слични содржини