Захарова го демантира Столтенберг: Тоа што го зборувате е лага

330 прегледи

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги оцени како лажни тврдењата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Русија го отфрла дијалогот.

– Сите такви изјави на господинот Столтенберг, во контекст дека Русија одбива да води дијалог, не се точни. Тоа се лаги – рече Захарова на прес-конференцијата, пренесува руската агенција ТАСС.

– Предложена е многу конкретна дискусија, без управување според политизирани ПР-прашања, нешто по што се познати нашите западни партнери. Имаше предлози за одржување конкретни дискусии за широк спектар на проблеми, со учество на експерти, вклучително и на војската – рече Захарова.

Слични содржини