Захарова италијанскиот мировен план за Украина го нарече фантазија

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска го нарече фантазија италијанскиот мировен план за Украина, кој минатата недела го претстави шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо.

„Не можете со едната рака да ја снабдувате Украина со оружје, а со другата да правите планови за мирно решение на ситуацијата“, рече Захарова на неделниот брифинг, пренесува „Ројтерс“.

Мировниот план на Италија вклучува прекин на огнот, неутралност на Украина со меѓународни гаранции и процес на пристапување во ЕУ.

Слични содржини