Захарова: Изјавата на Макрон за испраќање војници во Украина покажува дека тој не е свесен што зборува

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон „не е свесен што зборува“, реагирајќи на изјавата на Макрон дека опцијата за испраќање војници во Украина „не може да биде исклучена“.

„Во врска со изјавите на Емануел Макрон за потенцијалното распоредување на трупи на НАТО во Украина, се добива силно чувство дека францускиот претседател не разбира што зборуваат неговите подредени, ниту што тој самиот зборува“, напиша Захарова на Телеграм.

Претседателот на Франција во понеделникот, по самитот на европските лидери во Париз, изјави дека иако нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, „ништо не може да биде исклучено“.

Слични содржини