Захарова: Киев ја држи цела Европа во заложништво

од Nikola Popovski

Москва и Киев продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, па портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на нуклеарката.

„Убиствата зад аголот и под превезот на ноќта се карактеристичниот modus operandi, да не речам суштината, на поддржувачите на идеологијата на Бандер, позната уште од Големата патриотска војна“, посочи Захарова, пренесе ТАС С.

Според неа, тие сега ги избрале не само народот на Русија и Украина за своја цел, туку ја земаат цела Европа како заложник и очигледно не им е непознато да ја „запалат“ во корист на нивните нацистички идоли.

Захарова рече и дека ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје секој ден станува се поопасна поради дејствијата на украинските вооружени сили.

Таа посочи дека МААЕ редовно испраќа информации од терен и ги разоткрива криминалните дејствија на украинската армија, чија команда конечно ја загуби способноста за рационално размислување.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, претходно изјави дека Русија е подготвена да му помогне на раководството на МААЕ во организирањето на посетата на нуклеарната централа во Запорожје, пренесе РИА Новости.

Претходно денеска, украинскиот амбасадор во МААЕ, Евгениј Цимбаљук, изјави дека руските сили сакаат да предизвикаат затемнување во јужна Украина со гранатирање на нејзиниот нуклеарен комплекс во Запорожје и повика на меѓународна мисија да го обиколи постројката во Запорожје овој месец.

„Ќе ги искористиме сите можни дипломатски канали за да ги приближиме МААЕ и ОН во спроведувањето на оваа мисија“, изјави Цимбаљук за новинарите во Виена.

Слични содржини