Обновената реторика на Приштина за „важноста на обединувањето“ на сите Албанци го доведува во прашање територијалниот интегритет на Грција, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во коментарот цитиран од ТАСС.
„Косовскиот премиер Албин Курти ја продолжи својата големоалбанска реторика, велејќи неодамна дека не заборава на „важноста на обединувањето“ на сите Албанци, а главната цел на партијата што ја предводи („Самоопределување“ – н.з.) е диктиран од „незавршениот проект на Призренската лига“, истакна Захарова.
„На овој начин, територијалниот интегритет на Грција, Северна Македонија, Србија и Црна Гора е всушност доведен во прашање, бидејќи таквите планови предвидуваат одвојување на нивните области населени со Албанци со нивна последователна интеграција во една целина“, тврди портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија.