260
Портпаролката на руското МНР Марија Захарова денеска изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 6 и 7 јуни ќе ја посети Србија и ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ.
Таа на брифинг со новинарите рече дека Лавров ќе разговара и со министерот за надворешни работи на Србија, со претседателот на Народното собрание и со српскиот патријарх, пренесува РИА Новости.
Таа наведе дека се очекува теми на разговор да бидат билатералната политичка и економска соработка, размена на мислења за состојбите во регионот на Балканот, како и актуелни меѓународни прашања.