Захарова: Москва го поздравува мировниот план на Кина, Русија е отворена за преговори

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва го цени кинескиот мировен план за Украина и дека Русија е подготвена да ги постигне целите на т.н. специјалнa воена операција „со политички и дипломатски средства“.

„Ја цениме искрената желба на нашите кинески пријатели да помогнат за мирно решение на конфликтот во Украина“, рече Захарова, додавајќи дека тоа значи и признавање на „новите територијални реалности“ во Украина, пренесе Ројтерс.

Денеска Кина објави документ од 12 точки во кој детално се опишува нејзината позиција за војната во Украина и се повикува на прекин на непријателствата и мировни преговори.

Слични содржини