Захарова: Москва ќе одговори на новите американски санкции врз Русија

од Nikola Popovski
316 прегледи

Руската Федерација нема да ја остави без одговор одлуката на САД за воведување санкции на Русите наводно во врска со протестите во Молдавија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Непријателскиот американски напад, извршен очигледно по поттик на американски марионети во Кишињев, секако нема да остане без одговор“, рече Захарова, одговарајќи на прашање за одлуката на САД да воведат санкции кон Русите во врска со протестите во Кишињев. пренесува РИА Новости.

Во понеделникот, Соединетите Американски Држави ги проширија санкциите против Русија и вклучија седум физички и едно правно лице на рестриктивните списоци. Основа за воведување санкции, како што наведува американската агенција, било наводното „злонамерно влијание поврзано со нивната улога во кампањата на Руската Федерација за дестабилизација на ситуацијата во Молдавија“.

Слични содржини