Захарова: НАТО да одлучи дали сака да бидеме пријатели

од Nikola Popovski

Земјите-членки на НАТО треба да одлучат дали навистина не сакаат да бидат на списокот на непријателски настроени земји на Русија, изјави вечерва портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, откако лидерите на Алијансата од самитот во Брисел ја повикаа Москва да ги отстрани САД и Чешка од таа листа.

„Ако разбрав правилно, НАТО изрази желба да станеме пријатели, нели? Логиката е едноставна: барањето да се отстранат од списокот непријателски земји подразбира желба да ве сметаме за пријател “, напишала Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

Таа посочи дека е побарано отстранување од списокот и покрај фактот што членките на НАТО продолжија да ја сметаат Русија за неодговорна и опасна, пренесува TАС С.

„Време е тие да одлучат, или да престанат да измислуваат шпионски приказни, кои ги користат како изговор за воведување санкции, или да не бидат изненадени кога ќе се видат на списокот на непријателски земји“, заклучила Захарова.

Лидерите на земјите членки на НАТО во последното соопштение усвоено по самитот истакнаа дека Алијансата ќе одговори на растечкиот нуклеарен арсенал на Русија и ја повикаа да го почитува меѓународното право.

Тие ја повикаа Русија да ги отстрани Чешка и САД од списокот на непријателски земји.

Слични содржини