Захарова: НАТО е во војна со Русија

од Vladimir Zorba
438 прегледи

НАТО е длабоко вклучен во украинскиот конфликт, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесена од Тасс.

-Дали навистина мислите дека НАТО не е во војна со Русија? Всушност, НАТО го обезбедува целото оружје, борци, платеници, инструктори, советници и разузнавачки информации за режимот во Киев. НАТО дефинитивно е вклучен во воените активности таму, нема сомнеж НАТО е тој што го доведе режимот во Киев до оваа точка, истакна Захарова.

Руската агенција потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари 2022 година најави специјална воена операција во Украина, врз основа на барањата на лидерите на републиките во Донбас во услови на ескалација на тензиите во регионот, кога властите во Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) известуваа за некои од најтешките гранатирања во тоа време.

Западот, како одговор на инвазијата, воведе санкции кон Русија. Освен тоа, западните земји почнаа да ја снабдуваат Украина со големи количества оружје и воена опрема, чија вкупна вредност моментално се проценува на милијарди долари.

Киев постојано бара на украинските сили да им се обезбеди дополнително оружје и понапредна опрема, ракети со долг дострел и авиони.

Слични содржини