325
НАТО не треба да предизвикува конфликти во светот ако сака да избегне повторување на конфликти во иднина, предупреди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагирајќи на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг претходно изјави дека не знае како ќе заврши воениот конфликт во Украина, но дека смета дека е „исклучително важно“ НАТО „да може да спречи повторување на историјата“.
„Ако НАТО сака да спречи таква историја да се повтори, тогаш не треба да ја создава“, сподели Захарова на нејзиниот канал Телеграм, пренесува ТАСС.