Захарова: Непријателски се намерите на Грција да ја снабдува Украина со системи С-300

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Москва смета дека намерите на Грција да започне со снабдување на Украина со противвоздушни ракетни системи С-300 и други руски или советски системи за воздушна одбрана се непријателски настроени кон Русија и претставуваат провокација, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Грчките власти неодамна објавија дека се подготвени да ги испорачаат системите за противвоздушна одбрана С-300 ПМУ1 на Украина, под услов да добијат дополнителен број американски ракетни системи за противвоздушна одбрана Патриот за нивна замена“, потсети Захарова.

Според неа, грчките власти не се свесни дека испраќајќи оружје во воената зона, стануваат директни соучесници на „украинските неонацисти кои водат криминална војна“ против цивилното население во регионите Донбас, Запорожје и Херсон, вклучително и многу етнички Грци кои живеат таму.