Захарова очекува студентите во Србија да се вратат на предавања во универзитетите

од Nikola Popovski
55 прегледи

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова денеска изјави дека Москва се надева на нормализирање на ситуацијата во Србија преку внатрешен дијалог, како и враќање на учениците и студентите во училиштата и универзитетите.

„Неколку пати нагласивме дека сметаме дека е најкоректно брзо да се воспостави внатрешен дијалог во оваа земја за да се најде заеднички јазик што ќе и овозможи на државата да се врати во нормално функционирање“, рекла таа на брифингот во четвртокот.

Според неа, „ова вклучува обнова на образовниот процес и на универзитетите и во училиштата, почитување на законот и редот и враќање на политичките претставници да работат во парламентот и другите структури за доброто на Србија и нејзиниот народ“, пренесува агенцијата Интерфакс.

Слични содржини