239
Прашањето за планирање државен удар во Германија е внатрешно прашање на таа земја, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На брифингот со новинарите, Захарова рече дека се уште нема информации за поопширен коментар за ова прашање.
„Руската амбасада во Берлин е подготвена да ѝ ја пружи неопходната конзуларна и правна помош на уапсената Русинка, која е осомничена за учество во обидот за пуч во Германија“, истакна Захарова, пренесе ТАСС.