Москва го повикува Токио да се воздржи од какви било воени подготовки кои би можеле да ја загрозат безбедноста и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион АПАК, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Таа рече дека на 11 август се одбележуваат 85 години од крајот на вооружениот конфликт со милитаристичка Јапонија кај езерото Хасан, пренесе ТАСС.
Според неа, оваа провокација покажала дека агресивните планови на јапонската армија против Советскиот Сојуз биле целосно јасни.