483
Русија ќе направи сé што е во нејзина моќ светот да не ги заборави злосторствата на режимот на Киев и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Создадовме специјална комисија за злосторствата на режимот на Киев. Целиот свет ќе знае за тоа. Ветувам, Зеленски нема да биде заборавен“, изјави Захарова за ТВ каналот Росија 1, пренесува ТАСС.
Таа додава дека Русија ќе стори сé за да се погрижи темата за ситуацијата во Украина да се слуша секој ден во сите формати, вклучително и во Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание, како и во специјализираните комитети и комисии на ОН и други меѓународни организации.