Русија има право да ги прекине дипломатските односи со Полска, но Русите кои живеат во таа земја ќе настрадаат поради тоа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Сакам да се однесувам емотивно, набрзина и што е најважно, имаме право на тоа. Тие се занимаваат со провокации со децении и совршено го разбирам секој што ќе каже што прават нашите таму, нека ги пакуваат куферите и нека си заминат. “, истакна Захарова во емисијата недела вечер со Владимир Соловјов на ТВ каналот Росија-1.
Според неа, многу луѓе веќе ги зеле куферите и си заминале бидејќи биле протерани, но како што додаде, поради прекинот на дипломатските односи со Полска, најмногу настрадаат Русите кои живеат и работат таму, пренесува РИА Новости.