Русија ги осуди американските воздушни напади во Ирак и Сирија и смета дека за ситуацијата треба да се разговара во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Јасно е дека воздушните напади се намерно насочени кон дополнително разгорување на конфликтот. Со постојани напади, речиси без прекин, врз објектите на наводните проирански групи во Ирак и Сирија, САД намерно се обидуваат да ги вовлечат најголемите земји од регионот во конфликтот“, рекла Захарова, a пренесе Ројтерс.
САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија врз повеќе од 85 цели за кои велат дека се поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и нејзините милиции, наводно убивајќи повеќе од 40 луѓе, како одмазда за неодамнешниот напад врз американска база во Јордан, кога загинаа тројца американски војници.