Захарова: Санкциите кои Минск ги воведе на ЕУ, важат и во Русија

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Санкциите воведени од белоруските власти против ЕУ автоматски ќе важат и во Русија, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Наместо да игра конструктивна улога и да придонесе за стабилизација во Белорусија, Европската унија одлучи да се придржува кон позициите на одделни земји-членки кои се ориентирани кон понатамошна дестабилизација на внатрешната состојба во Белорусија. Ја повикуваме ЕУ да ги разгледа опасните последици од таквата позиција“, рече Захарова.

Посочи дека во Москва, ваквиот потег на ЕУ се смета дека е „отворен и неприфатлив притисок врз белоруските власти, кои се обидуваат да ја нормализираат состојбата во земјата“.

Брисел вклучи 40 белоруски официјални лица на списокот со санкции, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи, поради, како што велат, фалсификување на резултатите од претседателските избори и насилство врз демонстрантите.

Тие од Минск рекоа дека ќе воведат реципрочни мерки.

Во меѓувреме, САД воведоа санкции и кон Белорусија, а осум службеници беа ставени на списокот со санкции.

Да потсетиме, претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Централната изборна комисија објави дека на изборите победил Александар Лукашенко. Белоруската опозиција не ги признава тие резултати и смета дека победник е Светлана Тихановскаја. Ниту Брисел не го смета Лукашенко за легитимен претседател. Протести против изборните резултати траат во Белорусија од 9 август.

Слични содржини