Захарова се закани: Ќе преземеме мерки, Скопје сака да ги „сруши“ билатералните односи со Русија

од Nikola Popovski
827 прегледи

Москва ќе биде принудена да преземе реципрочни мерки по протерувањето на дипломатите од Северна Македонија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова истакна дека ваквата одлука на Северна Македонија е непријателски чекор и продолжување на курсот кон „вртоглаво рушење на билатералните односи со Русија“.

„Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја започна Западот, Скопје ја потврди својата подготвеност непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се спротивни на јавното расположение и се во спротивност со основните национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки“, изјавила Захарова, објави руското МНР.

Ова следува откако нашето Министерството за надворешни работи го повика Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата се посочени како непожелни или персона нон грата и мораат да ја напуштат земјава во наредните 5 дена.

 

Слични содржини