Захарова соопшти убави вести: Дојдено до првиот напредок во односите меѓу Америка и Русија

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Рускиот амбасадор во Соединетите држави Анатолиј Антонов, кој претходно беше поканет во Москва на консултации за состојбата на руско-американските односи, следната недела ќе се врати во Вашингтон, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Секако, сите сакаат да ги знаат информациите за амбасадорот на Руската Федерација во САД (Анатолиј Антонов). Веруваме дека ќе ја помине следната работна недела во Вашингтон – рече Захарова на прес-конференцијата, како што јави руската агенција Тас с.

Антонов е привремено отповикан од март. Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека се согласил со американскиот претседател Џо Бајден, за време на самитот во Женева, да ги вратат руските и американските амбасадори во Соединетите држави, односно Русија, на своите работни места.

Рускиот амбасадор во Соединетите држави Анатолиј Антонов и американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан беа вратени во нивните матични земји на консултации пред неколку месеци поради зголемените тензии меѓу САД и Русија.

Слични содржини