235
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека светската заедница треба да го осуди денешниот напад на Украина врз нуклеарната централа Запорожје.
„Светската заедница е должна да го препознае и да одговори на чинот на нуклеарен тероризам од режимот во Киев“, напиша Захарова на социјалната мрежа Телеграм, пренесува РИА.
Захарова праша „уште колку пати вооружените сили на Украина треба да ја нападнат нуклеарната централа Запорожје, за Западот и чудовиштето Зеленски, што тие го создадоа, да престанат да го повторуваат овој смртоносен чин“.