Захарова тврди дека Русија веќе победила

од Nikola Popovski
208 прегледи

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат антируската линија и имплементацијата на најсложените механизми за одржување на стабилност претставуваат победа за Русија, изјавила официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Мислам дека ова е победа“, рекла Захарова за руските медиуми.

Таа посочила дека Русија „нашла неверојатно сложени формулации, формули и механизми за излез од ситуацијата“.

И покрај фактот што се предвидуваа тешки времиња за земјата без храна, лекови, облека и автомобили, Захарова истакнала дека Русија успеала да ја одржи стабилноста, па дури и да напредува.

Според дипломатката, многу земји сфатиле дека со поддршката на антируската линија ќе си пукаат во нога, поради што таа го нарече она што се случило „победа на здравиот разум“. Покрај тоа, Захарова ги истакнала тешкотиите со кои рускиот бизнис се соочил и на крајот ги надминал и според неа, тоа е веќе „победа на духот“.

Претходно, официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи изјави дека санкциите на ЕУ не можат да ја поткопаат руската економија. Таа е децидна дека и покрај калкулациите на стратезите на ЕУ, руската економија не станала жртва на европските санкции.

Слични содржини