27
Русија денеска предупреди за „хаос“ во Србија, која веќе три месеци ја тресат масовни протести против корупцијата кои доведоа до оставка на премиерот Милош Вучевиќ.
„Исклучително е важно демонстрантите, особено лидерите на јавното мислење, да покажат здрав разум“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа, „во Србија не смее да се дозволи да владее хаос“.