Захарова за Џонсон: „Лекцијата е – не се обидувајте да ја уништите Русија“

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот премиер Борис Џонсон го погоди бумерангот што самиот го фрли, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека тој е архитект на сопствената пропаст.

„Него го предадоа неговите соборци“, нагласи Захарова, пренесе „Ројтерс“.

Според неа, падот на Џонсон е симптом на распаѓање на Западот, кој е растргнат од политичка, идеолошка и економска криза.

„Лекцијата од приказната е – не се обидувајте да ја уништите Русија“, рече Захарова.

Таа нагласи дека Русија не може да се уништи.

„Можете да ги скршите забите од неа, а потоа да се задавите со нив“, рече таа.

Слични содржини