Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, му предложи на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, да не ги мери луѓето по себе кога вели дека луѓето на Балканот не знаат каде е Донбас, а кој е Путин.
– Баштован, кој се претставува како висок претставник на ЕУ за надворешни работи, изрази сомнеж дека луѓето на Балканот и Африка знаат каде е Донбас и кој е Путин. Жозеп, не ги мери луѓето по себе, напиша Захарова на својот Телеграм канал, пренесува Спутник.
Според неа, деградацијата на колективниот Запад не значи дека истиот процес е во тек и кај другите народи.
Претходно шефот на европската дипломатија, наведувајќи го примерот на жителите на главниот град Мали кои излегоа на улиците со транспаренти „Путин, ти го спаси Донбас, а сега ќе не спасиш и нас“, изрази мислење дека луѓето во африканските земји не знаат каде е Донбас, ниту знаат кој е Владимир Путин.